Продолжен рокот за набавка на вештачки ѓубрива

Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе Одлука со којашто се продолжува рокот за аплицирање за мерката за набавка на вештачки ѓубрива за есенската сеидба до 30-ти ноември.

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, според најавата од Министерството, по завршувањето на аплицирањето, а најдоцна до крајот на годината ќе треба да направи исплата кон земјоделците по основ на оваа мерка.