Продолжуваат проектните активности од претставници од Австрија
Претставници од локалната власт на Куманово и на територијалната противпожарна единица денеска во просториите на општината остварија работна средба со претставници од Австрија, за реализација на развојниот план и програмските активности, за заштита од пожари на територијата на Општината.
На состанокот присуствуваа, раководителот на Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, Донка Петровска, командирот на ТППЕ Куманово, Деан Илиевски и претставници од противпожарната бригада на покраината Тирол, Петер Логер, раководител на делегацијата и проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, заменик командант и експерт од оваа област.
Во пријателска атмосфера, беше нагласена успешно воспоставената комуникација и соработка со претставниците од Австрија, започната во изминатиот период, која резултираше со низа проектни активности од витално значење за граѓаните на Куманово, особено од областа на противпожарната заштита, објави денеска Општина Куманово.