Ревија на носии од Горновардарска етнографска целина

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“-Куманово заедно во соработка со Ансамблот „МАКЕДОНИЈА“, организира Ревија на носии од Горновардарска етнографска целина, каде што визуелно, публиката ќе може да ги види празничните носии, како најрепрезентативни носии што се носеле за време на свечените пригоди. Настанот ќе се одржи утревечер во 18 часот во Центарот за култура. Истиот проект е дел од годишната програма на Центарот за култура, а поддржан од страна на Министерството за култура, како проект од национален интерес на културата за 2023 година.