Регионален настан „Прекугранична соработка за градење отпорни заедници”
Градоначалникот Максим Димитриевски, заедно со претставници од општина Куманово, учествуваше на настан за регионална размена: „Прекугранична соработка за градење на отпорни заедници”: вмрежување и размена на најдобри практики за превенција и спречување на насилен екстремизам, рехабилитација и реинтеграција, во организација на Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе – Отворена порта/Ла Страда, во Скопје .
Димитриевски беше панелист на првата сесија, на тема: Улогата на општините и локалните стратегии за превенција и спречување на насилен екстремизам.
Во своето излагање ја истакна важноста на сите фактори кои се вклучени во овој процес од страна на локалната самоуправа, потенцирајќи ја и улогата на младите и развојните програми за рехабилитација и реинтеграција.
Цели на оваа панел дискусија се:
– проучување на општинските пристапи кон овие процеси, вклучувајќи го развојот на политики, локални акциони планови и меѓуагенциска соработка, поттикнување на меѓусекторска соработка во општините, националните влади, граѓански здруженија и меѓународните партнери,
– истакнување на ефективни интервенции засновани на заедницата, образованието, програмите за вработување и социјални услуги, идентификација на заедничките предизвици со кои се соочуваат општините и поттикнување на размена на искуства меѓу локалните претставници и зајакнување на регионалната мрежа на иницијативи предводени од општините.