Санкционирани 153 возачи во Македонија

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 153 возачи.

Од нив осум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 65 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место, соопштува МВР.