Полициски службеници од СВР Куманово вчера во липковското село Оризаре лишиле од слобода 39-годишен жител на село Гошинце, липковско.
„При контрола на патниот сообраќај било запрено товарно моторно возило „там“ со кумановски регистарски ознаки, при што било утврдено дека возилото го управува за време на активна забрана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, пишува во соопштението.