Општина Куманово започна со поставување на полуподземни контејнери на 8 нови локации во градот, објави градоначалникот Максим Димитриевски.
Изминатата година полуподземни контејнери за современ начин на депонирање комунален отпад беа поставени на неколку локации во централното градско подрачје.
Еден контејнер има капацитет од пет кубни метри отпад, или исто колку и шест обични контејнери.