Се реконструира поранешниот Државен архив – Куманово
Почна реконструкцијата на внатрешноста од Занаетчискиот дом во поранешните простории на Државен архив- Куманово, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.
За реализација на проектот општината од буџетот одвои 9.097.375 денари со данок на додадена вредност.
Како што е наведено на системот за јавни набавки, претходно избраната компанија го добила тендерот и за поставување на заштитно скеле за одржување на безбедноста на минувачите, за што од буџетот беа одвоени 899.514 илјади денари. Внатрешноста се реконструира со претходно добиено одобрение од Министерство за транспорт и врски, бидејќи се работи за објект за посебно значење од градот, споменик на културата, со претходно одобрено конзерваторско одобрение, информираа, претходно од секторот за урбанизам од општина Куманово.