По повод одбележување на 11 Октомври – Ден на востанието, во недела (11.10.2026) од 09:00 до 14.00 часот во Куманово ќе бидат одржани повеќе настани и од тие причини ќе бидат затворени дел од улиците „Гоце Делчев“, „11 Октомври“, „Доне Божинов“, „Октомвриска револуција“, „Иво Лола Рибар“, „Трета македонска ударна бригада“ и „Ѓорче Петров“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
„Полициските службеници од СВР Куманово ќе преземат мерки за пренасочување на сообраќајот. Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници“, соопштија надлежните.