ВИДЕО: Сребрен и бронзен медал за КБК „Предатор“ на Светски куп во Италија  

16 -годишниот Данило Методиевски од кик бокс клубот „Предатор“ од Куманово освои второ место на Светскиот куп што се одржа во Лидо Ди Јесоло, Италија, а неговата врсничка Андреа Ѓеорѓиевска се врати со бронзен медал од натпреварувањето. Данило и Андреа заедно со уште тројца кик боксери од Македонија учествуваа на Светскиот куп со над 2500 натпреварувачи од целиот свет.

„Годинава ги очекуваат уште многу купови и првенства за докажување и освојување на медали“, вели тренерот Јован Крстевски.