Училиштата „Христијан Карпош” и „Толи Зордумис“ со нови фасади

На објектите на основните училишта „Христијан Карпош” и „Толи Зордумис“ во тек е замена на фасадите.

Како што информираше градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во напредна фаза е поставувањето на енергетско-ефикасни фасади.

Во меѓувреме, во основното „Христијан Карпош” се работи и на реконструкција на подрумските простории.