Општинската организација на Црвен крст – Куманово во соработка со општинскиот младински центар MultiКулти – Куманово и ова лето организира летно кино од хуманитарен карактер, се со цел да се соберат парични средства за училиштен прибор за децата и младите од ранливите категории, објави Црвен крст Куманово.
Хуманитарното летно кино ќе се одржи на 22 август (сабота), со почеток во 19:30 часот, во La Plaza Mall – Rooftop, а цената на билетот е симболична – 50 денари.
„Дојдете на филм под отворено небо, заедно да уживаме, да донираме и да бидеме хумани!“, пишува во објавата на Црвен крст Куманово.