ВИДЕО: ЦЈЗ: Еден потврден случај на шуга во Куманово
Само еден потврден случај на шуга во основното училиште во село Романовце, информираа денеска надлежните од одделението за епидемиологија при Центарот за јавно здравје Куманово.
Од почетокот на годинава заклучно со денес евидентирани се седум заболени од скабиес во општините од Североисточниот регион, а минатата година бројката изнесувала вкупно 119. Најголем број од нив биле регистрирани во октомври месец – 20, најмалку во август, само тројца заболени.
Како што информираа од Центарот за јавно здравје, лани најголем број од заболените биле на возраст од 10 до 14 години.