На соопштението од ОО СДСМ Куманово реагираше директорот на Домот за стари лица „Зафир Сајто“, Дејан Стојановски.
Во реакцијата се вели:
-Последниов период сведоци сме на оркестриран напад од неформални медиумски канали потпомогнати од внатрешни злонамерни, тенденциозни извори во институцијата кои пласираат неточни и манипулативни информации во јавноста. Последна во низа е и оваа прозивка од политички субјект во Куманово. Категорично ги демантирам сите наводи и обвинувања во вид на прашања упатени до мене и истите се политичка конструкција и недолично преувеличување од страна на политичкиот субјект кои ги изнесува. Домот за стари лица во моментов има 36 вработени и истите максимално се ангажирани за квалитетна и хумана услуга насочена кон старите и изнемоштени лица. Незадоволството се однесува на сосема мала група на лица ни приближно 70% како што тенденциозно е изнесено и истото се должи на нагласеното темпо и организација на работа но ниту збор за мобинг или вознемирување. Организација и темпо кои се во согласност со потребите на Домот и систематизацијата на работните задачи. Сосема мала група на лица вешто ја искористија Ваквата ситуација и пласираат вакви неточни информации во јавноста нанесувајќи штета на Домот. Дијалогот поврзан со професионалните обврски секогаш бил присутен и разговор со синдикат и пратеник е исто така легитимен и во корист на институцијата. Така да и ваквите процеси за жал се означени како негативни. Домот 6 години наназад вложува во набавка на нова опрема и мебел и врши реконструкција на сместувачките капацитети што е лесно воочливо од посетителите и корисниците на услугите, јавноста исто така секогаш транспарентно и навремено информирана. Набавките се реализираат максимално посветено и се водиме од постигнувања и зацртани јасни цели за секоја година. Роковите се немилосрдни и бараат многу планирање и посветеност. Горди сме со колегите што учествуваат во ваквите набавки и планирања и особено горди на 2024 година која ја завршивме со 100% исполнетост на плановите и реализација на планираните набавки. Мебелот за кој сме критикувани е во Домот и покрива цел еден реон којшто не бил обновен 40 години. Постапката спроведена согласно закон. Непредвидено доцнење не значи откажување, особено кога целта е јасна и е дел од визија за Домот! ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто” Куманово ќе продолжи да се унапредува и модернизира, а старите лица добиваат, подобри услови и похуман третман којшто зависи само и само од персоналот. Како јавна институција покажавме годиниве наназад дека со професинален пристап е можна квалитетна услуга, услуга и услови спрема очекувањата на граѓаните и штитениците.