Ќе се избира најдобар сувенир на Куманово за 2024 година

Општина Куманово врши избор за најдобар сувенир на град Куманово.

Критериумите за учеството се следните:

-сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливост и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово;

-сувенирот мора да биде прилагоден за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот;

-сувенирот треба да биде изработен од материјал, големина и боја според замислата на авторот. За изработка на сувенирот можат да се користат стасбилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил и други;

-идејната концепција, развојот и начинот на изработка на сувенирот, техничките услови за израборка и материјалот од кој е изработен треба да бидат текстуално образложени.

Краен рок за доставување на трудовите е 21 октомври(понеделник) 2024 год., до 15:00 часот.

Наградата за „Сувенир на општина Куманово” е една и изнесува 100.000,00 денари без ДДВ, а ќе биде поделена на два дела. Првиот дел во износ од 30.000 денари ќе биде наменет за добитникот за мотивација и вложен труд, а вториот дел од наградата, добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со Општина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово во износ од 70.000 денари.

Комисијата го задржува правото да не ја додели наградата на ниту еден труд, доколку заклучи дека трудовите не ги задоволуваат критериумите.

Доколку на конкурсот не се пријави ниту еден кандидат, конкурсот се смета за поништен и постапката за избор на сувенир на општина Куманово ќе се повтори.