Ќе се отвори сензорна соба во ООУ„11 Октомври“

Во рамките на проектот  „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ во понеделник ќе биде отворена сензорна соба во основното училиште „11 Октомври“.  Проектот, кој е финансиран од ЕУ, го спроведува Фондацијата „Чекор по чекор“ во партнерство со здружението „Инклузива“, а има за цел да обезбеди рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта. Со создавање пристапни и стимулативни средини за учење, училиштата опфатени со проектот стануваат места со еднакви можности за образование за сите деца.

Коментари

коментар(и)