Агенцијата за управување со одземен имот спроведе акција за уништување на одземени предмети

Агенцијата за управување со одземен имот деновиве спроведе акција за уништување на одземени предмети на депонијата Краста со која стиопанисува јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.

Акцијата беше организирана и спроведена од страна на Комисијата за уништување на одземени наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, формирана од Управниот одбор на Агенцијата. Согласно претходно изготвените списоци и одлуки, уништени беа предмети кои не можат да се продаваат поради здравствени, ветеринарни и фитосанитарни ризици, како и значителна количина тутунски и алкохолни производи без соодветна декларација или со фалсификувано потекло.