Активности за учениците од Куманово и Старо Нагоричане

Општинскиот сојуз на училишен спорт на Куманово во салата на основното училиште „Вук Караџиќ” ја реализираше својата трета и четврта активност со ученици од трето и четврто одделение, насловена „Покажи го својот талент” и „Забавни новогодишни штафетни игри”.

Учествуваа околу 100 ученици од шест училишта од Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане. На настанот учествуваше и Дедо Мраз. Активноста „Забавен училишен спорт” ја реализираа наставниците Жаклина Стрика, Филип Миленковски и Малиќи Љатифи.