АК Куманово најуспешен клуб за 2022 година

Атлетскиот клуб Куманово годинава ја заврши како најуспешен клуб. На последниот куп натпревар атлетичарите на Куманово повторно се на врвот. На Купот на Македонија за пионери машката екипа беше доминантен победник.

Со овој последен натпревар кој е вклучен во рангирање за најдобар клуб во младинска категорија, завршивме како првопласирани односно најуспешен клуб за 2022 година.

На овој натпревар беше поставен уште еден нов рекорд на Теа Алексовска во фрлање кладиво со 3 килограми.