Дваесет и тригодишен Албанец бил приведен на граничниот премин Табановце, поради сомнение за сторено кривично дело „служење со туѓа патна исправа“.При пасошка контрола тој приложил патна исправа на име на неговиот брат. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Албанец приведен бидејќи користел туѓа исправа
