Асфалтирана улицата Романовска

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски во придружба на советници денеска ја пушти во употреба реконструираната улица Романовска во населбата Тоде Мендол. Станува збор за 2000 метри квадратни асфалтна површина во вредност од еден милион и 500 илјади денари. И оваа активност е дел од развојната програма на локалната самоуправа за тековно одржување на комуналната инфраструктура во градот.

-Патот е завршен пред дваесетина дена, но поради рамазанските пости бидејќи ова е мултиетничка средина каде доминира население од исламска вероисповед одлучивме тоа да го завршиме после празникот. Во овој дел на градот ќе се завршат во скоро време  Перо Илиевски, Перо Стојменовски  и други така што  од 85 до 90 проценти од проблемите комунални во овој дел на градот се решени . Станува збор за најгусто населено место во градот каде самата позиција е во тоа да го организираме  по пат на тековно одржување бидејќи овде имаме неплански делови од градот и тука ги адаптираме можностите на улиците, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Дамјановски најави дека наредната недела ќе започне решавање на проблемот со канализационата мрежа во делот од населбата во близина на автопатот Куманово -Скопје, а ќе се реконструира и оштетената патна инфраструктура. Од локалната самоуправа посочуваат дека реализацијата на развојната програма продолжува паралелно и во останатите делови од градот. Според програмата, се планира реконструкција и изградба на околу 30 илјади метри квадратни асфалтирани патишта низ приградските населби во Куманово.

Коментари

коментар(и)