Без вода три локации во Куманово
Поради дефект на водоводната мрежа, денеска без вода ќе бидат три локации во Куманово, поточно корисниците од улиците „Љупчо Арсов“, „Братство и единство“ и дел од булеварот „III МУБ“.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.