Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ поевтинуваат за 2 денара по литар, а малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ, Екстра лесното масло за домаќинство и на Мазутот не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.
Нова цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 81 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 83,50 денари.
Литар ЕУРОДИЗЕЛ и натаму ќе се продава за 84,50 денари, Екстра лесно за 81,50 денари, а килограм Мазут за 42,171 денари.