Билтен на МВР 

Од полицискиот билетн ги издвојуваме следните настани:

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа пред полноќ лишиле од слобода 38-годишен кумановец бидејќи при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово на 28 мај во 3 часот и 20 минути го лишиле од слобода 55-годишен кумановец. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „опел инсигниа“, кој го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2.74 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Седумнаесетгодишно момче од  липковско Отља е повредено откако со „ауди“ излетало од регионалниот пат – Граничен премин Белановце – Куманово, соопштија од МВР. Во незгодата како што посочуваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.

– Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово, стои во соопштението.