Болницата доби донација од германската амбасада

Апарати за потребите на Општа болница Куманово донираше денеска Амбасадата на Сојузна Република Германија во државава. Донацијата е обезбедена преку проект аплициран од Центарот за рурален развој „Бујрум“ во соработка со амбасадата.

– Опремата ќе биде распоредена на повеќе оддели  затоа што не само инфективните оддели, туку и другите оддели во нашта болница примаат пациенти кои се ковид позитивни. Имаме ургентни состојби, итни операции, породувања, од кардиолошки карактер кои одат на интерно одделение и подоцна ќе се испостави дека биле ковид позитивни. На многу места навистина ни е потребен ваков мониторинг на пациенти, изјави Снежана Захариева,  директор на Општа болница Куманово

„Германија во моментот претседава со Советот на ЕУ. Овде во регионот на Западен Балкан сакаме да покажеме дека нашите партнери во борбата со пандемијата, можат да се потпрат на нас. Германија досега го поддржа регионот со пет милиони евра, во кои што спаѓа и овој проект, а дополнителни  10 милиони евра се на пат“ , најави германската амбасадорка Анке Холштајн.

–Со оглед на актуелните состојби нашиот главен ацкент е справување со пандемијата и нејзините последици. Овде во регионот на Западен Балкан сакаме да покажеме дека нашите партнери во борбата со пандемијата, можат да се потпрат на нас. Освен тоа ЕУ помага со 3,3 милијарди евра во кои Германија учествува со скоро една третина, изјави амбасадорката Холштајн, изјави Анке Холштајн, амбасадор на СР Германија во Македонија

– Целта на овој проект беше да се подобрат условите за живот во Општина Куманово и беа донирани апарати. Се надеваме дека со ова условите за граѓаните ќе бидат подобрени и сакам да апелирам самиот овој проект да послужи како добра пракса во иднина, се повеќе граѓаните да се заложуваат за унапредување на условите според нивните можности, изјави Александра Тасиќ, НВО  „Бујрум“

Амбасадорката Холштајн претходно во просториите на Општина Куманово разговарала со градоначалникот Максим Димитриевски на повеќе теми за подобрување на соработката, имплементација на поголем број проекти.

– Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на граѓаните на Германија и амбасадата за оваа донација која ја направија на нашата градска болница која има регионален карактер и секако оваа донирана опрема ќе значи многу за нашите граѓани во делот на обезбедување на подобри услови за вршење на здравствениот процес и заштита на нашите граѓани, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

„Ова е дополнителен доказ дека Македонија и Куманово имаат држави партнери кои излегуваат пресрет во најтешките моменти, потенцира Димитриевски.