Болницата е дел од светската кампања за поддршка на доењето
И оваа година родилиштето во Општа болница Куманово се приклучи кон светската кампања за поддршка на доењето.
„Август е прогласен за Светски месец на доењето, време кога, но и во текот на целата година, се преземаат активности кои и помагаат на мајката да отпочне со доење и да го одржи доволно долго. Доењето обезбедува драгоцени нутриенти и имунолошки фактори важни за здравјето и напредокот на новороденчето. Воедно, го заштитува здравјето на мајката и создава силна емоционална врска мајка–новородено“, пишува во објавата на Општата болница.
Мотото на СЗО за оваа година е: „Здрави почетоци, надежни иднини“.