Бошко Тасиќ и Филип Колевски во Управен одбор на Сојузот на спортски федерации на Македонија

Бошко Тасиќ и Филип Колевски од Куманово се избрани за членови на новиот управен одбор на Сојузот на спортски федерации на Македонија. Вчера во Скопје се одржа редовно годишно Изборно Собрание на Сојузот на спортски федерации каде што после редовните точки од дневниот ред се одржа и избор на нов претседател.

За нов претседател е избран Мартин Клинчаров.

Бошко Тасиќ, секретар на Боксерската федерација на Македонија, инаку познат како долгогодишен спортски новинар со големо меѓународно искуство, а Филип Колевски покрај тоа што е долгогодишен атлетски тренер е и претседател на Општинскиот сојуз на спортови на Куманово и потпретседател на Атлетската федерација на Македонија.

 

Коментари

коментар(и)