Брендирана облека, суплементи за исхрана и соларен инвертер, заплениле цариниците на Граничниот премин Табановце изминатата недела.
Како што информираат денеска од Царинската управа во камион бил спречен обид да се шверцува соларен инвертер.
Патник во автобус кој сообраќал од Скопје кон Белград се обидел да шверцува суплементи за исхрана, а пак мобилен царински тим на Царинска испостава Табановце при контрола на камион, запленил 463 парчиња облека со потписот на Ралф Лаурен, Диор, Бос и други модни брендови поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост, додаваат од Царинска управа.
