На порталот https://uslugi.gov.mk/ се достапни голем број од услугите кои се потребни на граѓаните. Заменик министерот за дигитална трансформација, Радослав Варџиски денеска на ФБ ја претстави електронската услуга за потврда за стаж, придонеси и плата: податоци и евиденција за месечните податоци на пресметан и уплатен придонес во Фондот на ПИОМ.
Варџиски најавува наскоро нови услуги и целосен редизајн на порталот за подобро корисничко искуство.
