Пчеларското здружение „Пчела“ од Куманово континуирано работи на доедукација на своите членови и размена на искуства со стручни лица од областа на пчеларството од земјите од регионот.
Вчеравечер во Занаетчискиот дом се одржа предавање на тема: „Работа на пчеларник преку цела година со посебен осврт на правилно зазимување на пчелните семејства во недостаток на полен“. Предавач беше м-р Лев Плужњиков, велепчелар од Република Србија.
На предавањето присуствуваа и колегите на кумановските пчелари од Крива Паланка.