Верниците го празнуваат Свети Архангел Михаил
Православните христијани, денеска го празнуваат Свети Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави. Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.
Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог. На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел. Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.
Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите.