Ветерани на ревијален ракометен меч за Тоше Проески

Утре во Нова Градишка, Република Хрватска ќе се одигра ревијален ракометен меч на кој ќе настапат ветерани од Хрватска, но и Македонија.

Настанот е во чест на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески. По натпреварот во Паркот на великаните во Градишка ќе се постави биста на прерано загинатиот пеач.

За Македонија ќе настапат добропознатите ракометари, Пепи Манасков, Среќко Георгиевски, Тони Николовски, Никола Бишинов, Бранко Вељанов, Кристијан Илиоски, Пеце Локвенец, Далибор Луки, Стевче Стефановски и нашиот сограѓанин Зоран Кузмановски.

Селектор на мечот е Александар Михајловски.

Коментари

коментар(и)