Вечер на маестрален хумор „На смешка“ прв пат во Куманово

Вечер на маестрален хумор „На смешка“ за прв пат во Куманово ќе се одржи на шести ноември (среда) во големата сала на Центарот за култура.

Кумановските љубители на смеата и шегата ќе имаат можност цели два часа да уживаат во настапите на неколкумина актери и хумористи -аматери, кои се дел од проектот поддржан од Општината, Советот на Општина Куманово и Секторот за култура.

„На смешка“ е проект во организација на асоцијацијата „Мулти Арт“ и Телевизија Плус.

Модератор на настанот ќе биде актерот Марко Трајковиќ.

Коментари

коментар(и)