(ВИДЕО) Богата културна понуда на НУЦК „Трајко Прокипиев“
Кумановските љубители на музиката, утревечер во центарот за култура ќе имаат можност да слушнат обработки на традиционални македонски композиции во изведба на Дуо Скупи. Проектот е поддржан од министерството за кулура, информира директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.
-Концерт на Дуо Скупи, виолина и флејта, навистина убав дует, музичари од Скопје кои ќе свират традиционални македонски песни во нивна обработка и ги очекуваме сите заинтересирани кумановци да дојдат во фоајето на центарот за култура утревечер во 19 часот. Се надеваме на една убава музичка вечер. Репертоарот ќе биде изненадување, тоа се македонски традиционални народни песни обработени во класичен момент. Како и секоја година, традиционално изложбата Карпино се организира во среда, свеченото отворање ќе биде во 19 часот, по повод Денот на градот, 11-ти Ноември. Ја покануваме публиката на изложбата, и уште еден проект кој би сакал да го најавам е изложбата на народни носии во петок во 13 часот, проект од министерството за култура. Ансамбл Македонија го организира настанот, ревија на носии од шопско-брегалничка етнографска целина. Тука публиката ќе има можност да види професионални уникатни изработени модели на носии кои ќе ги продефилираат од ансамблот Македонија, изјави Тодоровски.
Со активности продолжува и актерската екипа од Театар Куманово. Како што соопшти директорот на националната установа, Тодоровски започнати се подготовките за новата детска претстава „Волкот и трите прасиња“.
-Во моментов се одвива првата проба на новата детска претстава „Волкот и трите прасиња“, се надеваме дека од 15-ти до 20-ти декември треба да излезе премиера на таа претстава. Навистина тоа ќе биде еден нов продукт, нова претстава на Театар Куманово со кој ќе бидат задоволни најмалите во Куманово, изјави Тодоровски.
Премиерата ќе се одигра во просториите на МКЦ или во Занаетчискиот дом со кои што установата има одлична соработка, а во меѓувреме тече и реконструкцијата на Театар Куманово.