-СДСМ на овие локалани избори, го има најголемиот предизвик- да победи два кандидата од опозициската ВМРО ДПМНЕ. За нив не беше доволен поразот во вториот круг, па го поддржаа „независниот“ Димитриевски.
Без разлика на предавството од човекот кој се удираше во гради дека е „социјалдемократ во срце и душа“, без разлика на сите патетични претстави на кои бевме сведоци изминатиов период и без разлика што замина на страната на режимот од кој и самиот крвареше, ние како СДСМ и Коалицијата ќе ја пребродиме и оваа бура.
Заедно со сите вас, драги сограѓани, ќе покажеме што значи единство, што значи просперитет и гледање на пошироката слика во иднината. Пред нас, идниот градоначалник и Советот на Општина Куманово, стои заветот да изградиме чист, модерен и европски град. Тоа е наша обврска наредните четири години.
Ве повикуваме, во недела, на 31- ви октомври, да го дадеме гласот за Најдоброто за нашата општина, за број 12 и за идниот градоначалник на Куманово- Оливер Илиевски. Да не дозволиме да се продаваат гласови во проценти и во ветени вработувања и функции. Да не дозволиме да нé водат поедници на кои само им е важен личниот интерес засолнети под капата на ВМРО- ДПМНЕ.
Да не дозволиме да ни се случи режим. Во Куманово тоа не поминува! – рече на денешната прес-конференција Атина Мургашанска- носителка на листа на советници од СДСМ и коалицијата.
