ВИДЕО: Авантуристот Горан Амадеус на мотор од Куманово до Иран
Горан Стојановиќ- Амадеус од Куманово оствари уште една патувачка мисија. Последната авантура е 10.000 километри поминати со мотор од Куманово до Иран. Патувањето за Горан било уште еден предизвик, бидејќи со секој изминат километар неговиот сон и желба одблизу да ја запознае културата, традицијата, но и историски значајните места во Иран станувале реалност.
Во Иран престојувал две седмици, а меѓу останатото, го посетил и древниот град Персеполис – симбол на Персиската империја, кој во 330 година п.н.е. бил освоен, ограбен и запален од Александар Македонски.
Целосниот разговор со Горан Амадеус за неговото патешествие низ Иран (честопати државата позната како Персија во западниот свет) , можете да го проследите веднаш по вестите на Телевизија Плус.