ВИДЕО: Атлетичарите со солидни резултати на ЕМОФ Скопје 2025

Неколку атлетичари од клубот од Куманово настапија за атлетската репрезентација под 18 години на Македонија на Европскиот младински олимписки фестивал месецов.

Двајца од нив успеаа да се запишат во листата на државни рекордери на Македонија.

Михаил Стошевски настапи на трката 110м со пречки и успеа да постави државен рекорд под 18 год.

Лина Аневска настапи на трката 100м со пречки и постави свој личен рекорд.

Марко Ристов настапи на трката од 200м со малку послаб резултат од својот личен рекорд.

Сепак Марко заедно со Михаил беа дел од македонската штафета која успеа да постави троен државен рекорд за под 18, под 20 год. и сениорски рекорд во medley (шведска штафета).

Марио Пешевски настапи во трискок и за жал од дозволените 3 обиди во квалификациите имаше 2 минимални престапи со одлична далечина со кои можеше да влезе во финалето, но со останатат уште само еден обид мораше да оди на „сигурен” скок за да има резултат.

Тренерот и претседател на Атлетски клуб Куманово, Филип Колевски смета дека пласмански и резултатски сите можеле подобро, но, сепак сите четворица се на 17-годишна возраст со почетничко искуство во меѓународните води и затоа допрва очекува од нив подобрување на резултатите, а со тоа и подобрување на пласманите на меѓународните натпревари.