Опожарената депонија Краста се уште чади. Пожарот во текот на изминатото деноноќие го гаснеле екипи од Територијалната противпожарна единица Куманово, два багера, неколку камиони од приватни компании и цистерни на ЈП „Чистота и зеленило“.
Жителите од пчинскиот регион од вчера започнаа со 24 -часовна блокада на пристапот кон депонијата Краста за камионите на ЈП Чистота и зеленило и за каменоломите. Отпадот се собира само во поширокото градско подрачје и се депонира на депониите во Кратово и Ранковце, информираат надлежните.