ВИДЕО: Вицепремиерот Битиќи во посета на кумановска компанија
Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денес посети компанија од Куманово, лоцирана во индустриската зона, која е подржана од Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Само во Северноисточниот регион, најмалиот, според Битиќи има вкупно потпишано 41 договори за финансиска помош за инвестиции од над 600 милиони и 500 илјади денари со исплатени над 152 милиони денари.