(ВИДЕО) Гимназијата – домаќин на ученици и наставници од европски држави

Ученици и наставници од Турција, Литванија и Бугарија неделава престојуваат во Куманово во рамките на Еразмус + проектот „Заштита на животната средина“. Домаќин на активностите е гимназијата „Гоце Делчев“, а освен спомнатите држави, партнер во проектот е и училиште од Италија, но заради тамошните строги ковид протоколи, нивните претставници не пристигнаа на третата мобилност во Македонија.

-Денеска за почеток прво го претставивме нашето училиште, земја, нашиот град, учениците се запознаа, а потоа ќе дебатираат на тема за и околу обновливите извори на енергија. Како можат тие да се применат во домовите, кои и какви извори има во различни земји, од причина што е многу важно за целото општество и целото човештво обновливите изворите извори на енергија да се искористат и во домовите, но и многу пошироко. Нашите ученици подготвуваа повеќе презентации, видеа, ќе имаме работилници на тема Обновливи извори на енергија. Исто така ќе имаме можност да го посетиме и Охрид, Скопје,  Битола, ќе имаат можност да се запознаат со нашата земја, да видат македонска храна, да ја видат нашата македонска култура, да работиме и да споделиме искуства, идеи во рамките на темава која што ни е во рамките на нашиот проект, изјави Јасмина Денковска, координатор на проектот од Македонија

Координатор на проектот е Литванија. Групата ученици и наставници од оваа држава преку презентација покажаа кои се обновливите извори на енергија, кои се придобивките и како истата да се примени во домовите на најдобар можен начин.

-Се фокусираме на четири типа на обновлива енергија, односно соларна енергија, енергија од ветерот, хидроенергија, односно енергија од вода и биогориво. ги одбравме овие четири видови енергија затоа што тие се и најмногу користени во нашата земја, најпопуларни се и имаме компании кои се занимаваат со производство на ваков тип енергија веќе 10 до 15 години така да ваков тип на искористување на природни извори на енергија не е ништо ново, изјави Маргарита Аурушкевиче, главен координатор на проектот од Литванија

Проектот е започнат во 2019-та година. Првата средба е реализирана во Турција, втората мобилност во Италија, сега партнер училиштата се во Куманово и до крајот на проектот ќе бидат реализирани уште две работни средби во Бугарија и во Литванија.