ВИДЕО: Голем интерес за крводарителската акција организирана од Движење ЗНАМ – Куманово
Општинската организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија Куманово денеска организираше крводарителска акција во просториите на поранешен комитет. Акцијата се реализира по повод Светскиот ден на крводарителството, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и општинската организација на Црвениот крст од Куманово.
„Во периодот од 10 до 15 часот собрани се педесетина единици крв“, информираат од општинската организација на Движење ЗНАМ.
-Крв даруваат членови и симпатизери на партијата, како и граѓани кои одговорија на повикот. До овој момент, се дарувани 52 единици крв. Доброволното крводарителство во Македонија има една суштинска цел – да мотивира што поголем број луѓе да даруваат крв и да помогнат во спасување животи. Крводарувањето не само што обезбедува неопходни резерви за лекување на болните и повредените, туку и ја развива хуманоста, солидарноста и јавната свест, особено кај младите. Секој даруван милилитар значи надеж и живот за оние на кои им е најпотребна – објави градоначалникот Максим Димитриевски.