ВИДЕО: Голем интерес за финансиската поддршка за микро, мали и средни претпријатија
Осумдесет и две апликации за мерката за финансиска поддршка за микро, мали и средни претпријатија регистрира Центарот за вработување во Куманово. Колку од нив ќе бидат одобрени, допрва ќе се знае. Наскоро ќе следат повици за ИТ вештини, за странски јазик и за возачи за Ц и Д категорија, информираат надлежните.