ВИДЕО: Голем интерес од невработените за мерката самовработување

Во Куманово денеска беа презентирани Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за годинава, активните мерки од Агенцијата за поддршка на претприемништвото, како и активни мерки и повици на министерството за економија и труд.

Над 200 кумнановци досега се пријавиле за мерката самовработување, а на ниво на државата околу 3700 невработени лица. Јавниот повик е отворен до петок, информираа надлежните.