ВИДЕО: Градскиот базен повторно отпочна со работа
Градскиот базен од денеска повторно е отворен за рекретивните пливачи, клубовите, учениците. Цената на билетите останува иста како и претходно, еднодневниот билет е 150 денари, месечно е 3.000 денари, соопштија надлежните од јавното претпријатие „Куманово паркинг“ на денешната прес-конференција.
„Пред отворањето на базенот извршен е делумен машински сервис, а планирани се и дополнителни зафати и сервисирање“, информира директорот Сашо Петрушевски.
