ВИДЕО: Дарко Ристовски- претседател на општинската организација на СДСМ Куманово
Општинската организација на СДСМ Куманово вчеравечер на изборна конференција ги избра членовите на извршниот и надзорен одбор.
Новиот претседател на СДСМ во Куманово, Дарко Ристовски пред присутните делегати, меѓу другото рече:
„Да се биде првиот меѓу еднаквите во нашата општинска организација отсекогаш претставувало огромен успех, кој со себе носи и огромно бреме и одговорност, бидејќи станува збор за најголемата општинска организација на СДСМ како и долгогодишно упориште на социјалдемократијата и левичарските вредности. Дека ситуацијата во нашиот град не е наивна и лесна говори фактот што во последните 2 години во нашата општинска се сменија две раководства и се надевам дека овој тренд ќе престане и ќе испратиме порака на единство, обединетост и сериозност, бидејќи само такви можеме да се вратиме на победничките патеки. Затоа велам, огромна е честа и одговорноста во овој момент да бидам Претседател на нашата општинска и заедно со сите вас да работиме вредно за да ја оствариме нашата цел: СДСМ- повторно силен и победнички“, истакна Ристовски.
Пред работниот дел од конференцијата, говореше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
На конференцијата присуствуваше највиското централно партиско раководство: покрај Филипче, заменик претседателката Фани Каранфиловска Пановска, организацискиот секретар Мартин Костовски, координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, советници и членови на Централниот одбор од Куманово.