ВИДЕО: Движењето ЗНАМ го одбележа вториот роденден

„Одбележуваме почеток на еден поинаков пристап во политиката во нашата земја и знам дека сме на вистинскиот пат Македонија да ја направиме поубаво место за живеење“, истакна претседателот на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски на вчерашното одбележување на вториот роденден на движењето.

Димитриевски во обраќањето потенцираше дека создале политички субјект кој е препознаен и етаблиран на македонската политичка сцена, со растечко членство и стабилна партиска инфраструктура.