ВИДЕО: „Дедо Мраз на мотор“, настан на мото клуб „Мечки“

На градскиот плоштад и годинава традиционално се одржа манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“, настан кој што го организира Мото клуб „Мечки“ од Куманово.

Мотото годинава е „Тажните најубаво се смеат“, а целта освен да се допринесе за новогодишната магија е да се достават подароци за штитениците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост.

-Традицијата продолжува ова ни е 15-та година по ред како организираме „Дедо Мраз на мотор“. Мислам дека 70-80 мотори сигурно можеби и повеќе има, од Куманово мислам дека сите клубови се тука, Свети Николе има, можеби и од Скопје. Целта е дружење со децата, малите, носиме подароци во Центарот за деца со посебни потреби-велат од Мото клуб Мечки Куманово.