ВИДЕО: „Дедо Мраз на мотор“ по 16-ти пат во Куманово

Во пресрет на новогодишните празници денеска по 16-ти пат се одржа манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“ во организација на мото клуб Мечки.  Дури и врнежите од дожд не ги поколебаа кумановци, а особено најмалите да дојдат на плоштадот пред Центарот за култура каде што имаа можност да бидат дел од манифестацијата, но и да  се фотографираат . Моторџиите со дедомразовски капи и одлично расположение  и оваа година се погрижија да ги развеселат лицата со попреченост, корисници на услугите на дневниот центар во надлежност на министерството за труд и социјална политика, дарувајќи им соодветни подароци.