По повод Светскиот ден на бубрегот, кој се одбележува секој втор четврток во март, Диаверум Куманово организираше едукативен настан посветен на бубрежното здравје.
Интерактивната работилница се одржа во Гимназијата „Гоце Делчев“ во соработка со здравствената струка од средното техничко училиште „Наце Буѓони“.
Светскиот ден на бубрегот годинава се одбележува под мотото:
„Дали вашите бубрези се во ред? Детектирај на време, превенирај, заштити го бубрежното здравје!“
Редовните прегледи се најдобра заштита! Разговарајте со доктор уште денес! порачува тимот од Диаверум Куманово.
