ВИДЕО: Димитриевски: Објектот на „комитет“ не е ставен под владение на општината  

Иако Владата пред дваесетина години има донесено одлука зградата на на поранешен комитет да се даде на користење на општина Куманово, општината никогаш овој простор го нема ставено под владение, информираше градоначалникот Максим Димитриевски, одговорајќи на советничко прашање.

Димитриевски соопшти дека од државното правобранителство биле известени за отворена судска постапка против правните субјекти и политичките партии кои ги користат просториите во објектот.